Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Никој не доби мандат за да менува Устав

Мицкоски: Никој не доби мандат за да менува Устав

Никој нема добиено мандат на избори да го менува Уставот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Политика.рс“.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека според последното истражување на јавното мислење, околу 60 отсто од луѓето не се задоволни од работата на Владата и нејзините политики.

„Во Македонија на последните избори никој не доби мандат за промена на Уставот – ниту една партија не го претстави ова во својата програма. Затоа сметам дека предвремените избори се единствениот начин граѓаните да кажат што мислат и како мислат дека Македонија треба да се движи во наредниот период“, вели Мицкоски.

Прашан за војната во Украина и македонското претседавање со ОБСЕ, Мицкоски рече дека Македонија ја одредила стратешката насока, а ОБСЕ е колективна организација и како таква не остава простор за солирање ниту една земја.

„Приоритет во наредниот период е сите заедно да работиме за мир во Европа и светот. Мирот нема цена. Очекувам дека Македонија и сите земји членки на ОБСЕ ќе работат да запре војната во Украина. Недозволиво и незамисливо е да се води војна во 21 век, да се крши суверенитетот на една земја и да се оспорува нејзиниот интегритет. Тоа е почетната точка. Ние веруваме во овие принципи и сметаме дека енергијата треба да се насочи кон градење канали за комуникација и соработка за да се постигне мир, без да се газат овие постулати. Подобро е да се преговара со години отколку да се води војна макар и еден ден. Решенијата се секогаш во разговори, а не во судири“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога станува збор за соработката меѓу Македонија и Србија, Мицкоски оцени дека двете земји традиционално имаат добри економски односи, но има и простор за подобрување, особено во областа на инфраструктурата, енергетиката и економијата воопшто. Посебен фокус, рече тој, треба да се стави на изградбата на подобра железничка и патна врска меѓу овие две земји и гасоводна врска, што ќе гарантира енергетско поврзување.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа