Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија, мора да успееме 

08112024 Mickoski 15.jpg

Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија, мора да успееме. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта кадешто вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО.

Мицкоски по средбите со европските државници рече дека заедно со членовите на македонската делегација ги презентирале аргументите за нашиот евроинтегративен пат, погледите за економската иднина и економските цели, како и планот за развој на државата.

„Со секоја средба се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина којашто ја чувствуваа нашите граѓани и којашто е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците, годините коишто следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме а тоа е успешна европска приказна, а местото наше е во рамките на Европската Унија“, изјави Мицкоски.

Премиерот рече по состанокот со европската политичка заедница во Будимпешта е повеќе оптимист дека мора да не’ биде и ќе не’ биде.

Мицкоски уверува дека Владата ќе даде се’ од себе да ги одбрани националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина.

Можете да прочитате

НАЈНОВА МЕТЕО НАЈАВА: Променливото време во Македонија ќе продолжи, нема на повидок поголемо затоплување на времето!

Вечерва нова епизода од подкастот ЗРАК со Д-р Марина, се зборува за аерозагадувањето

Во Маврови Анови највисока снежна покривка од 68 см