Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со соседите и ЕУ

20250701104023 big 730x400 73 1.webp.webp

Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со Европската Унија, преку отворање нови пазари, нови работни места, нови пријатества, отстранување на бариерите за трговија, подобрување на инфраструктурата и зголемување на инвестициите, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст, кој е можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.

Предводиме на патот на реформите, кои значат од подобро владеење и почиста енергија, пофер правда и силни бизниси. Докажуваме дека промената е возможна кога работиме заедно со одлучност и визија, истакна Мицкоски.


Осврнувајќи се на тоа дека Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши договорот за предфинансирање во рамки на Планот за раст, Мицкоски истакна дека тоа е рефлексија на довербата која ја уживаме во однос на нашата заложба, посветеност, владеењето на правото и економската модернизација, поставувајќи пример за нашите соседи и забрзувајќи го нашиот пат кон ЕУ.

-Овој европски пат им припаѓа на сите граѓани, на сите бизниси, на секоја заедница, сите да бидеме дел од оваа трансформација. Кредибилитетот на Планот на ЕУ се заснова на исполнување на ветувањата и испорачување на придобивките, граѓаните треба да ги почувстуваат продобивките од интегрирањето сега во нивните бизниси, во институциите, во секојдневниот живот. Сите имаме заедничка иднина и за да обезбедиме единство и стабилност потребно е да работиме заедно како соседи, како партнери, како регион. Заедно можеме да изградиме силен и поврзан регион, кој е просперитетен, инклузивен и европски, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека Западен Балкан е витален дел од европската сегашност и суштински за нејзината иднина. Тоа, како што додаде, е регион со богат со потенцијал и амбиции, што често пати е засенето од наративи на поделби и одложувања.

-Но кога ќе погледнам во просторијава гледам различни приказни, регион дефиниран од дух кој одбива да биде оставен назад. Овој Самиот е посветен на заедничка визија, визија во која се зголемуваат инвестициите, иновациите цутат, а интеграцијата создава можности, кои се достапни за сите, визија во која Западниот Балкан повеќе не е чекална, туку регион кој се движи, расте и еволуира. Како Влада оваа визија не води во секој чекор што го правиме, во нашите заеднички реформски напори и регионалната соработка, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Од петок „Оne stop shop” на Табановце –Ќе се намали гужвата на границите

Тошковски: Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка