Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Наш предизвик и цел како Влада во периодот кој следи, е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите

Mickoski 4.jpg

Во името на Владата и во мое лично име на сите граѓани од ромската етничка заедница им го честитам 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

Македонија е земја која историски и традиционално гледано секогаш била пример за толеранција, разбирање и инклузивност на своите граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност.


Наш предизвик и цел како Влада и како држава, во периодот кој следи, е да го подигнеме социјалниот и економски статус на Ромите, а со тоа и подобрување на целосната положба на Ромите во сите сфери на општественото живеење.

Ова е процес кој мора да започне од потполна достапност до системот на образование и едукација, преку организиран и институционален систем на заштита од дискриминација, до апсолутна вклученост на Ромите во економските и социјални текови на нашата заедница. Македонија е земја со ограничени ресурси и затоа мора својот приоритет да го постави во насока на искористување на сите кадровски и човечки потенцијали со кои располага, со стремеж постигнување на заеднички напредок.

Најдобар одговор за социјалното и економското назадување е образованието. Нашите напори се да воспоставиме реформи кои земјава ќе ја реформираат, унапредат и обезбедат иднина и развој.

Мораме да ја претвориме нашата земја во држава која дава еднакви можности на сите, која ќе го цени и вреднува успехот и квалитетот на индивидуалецот, како предуслов за градење на подобра иднина на сите.

Заедно можеме повеќе, подобро и само така Македонија ќе биде нашиот заеднички дом, се наведува во честитката од премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Во Собранието Иницијатива за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати