Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата

Screenshot 2025 05 23 201614.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата и тоа не било усогласено со децении, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски. Посочи дека сега ќе бидат нивелирани 50 проценти од царинските тарифи и ќе важат од 1 јули, а второто намалување ќе биде од 1 јануари 2026 година.

Тоа се царински ставки, парафискални давачки, кои имаат намера да го зголемат домашното производство и да помогнат во извозот на домашните производни компании и се усогласуваат со европските, што е многу важно. Педесет проценти од царинските тарифи во моментов ќе бидат нивелирани и ќе важат од 1 јули, а останатите педесет проценти од 1 јануари 2026 година, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во Македонскиот народен театар, пред почетокот на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.


На новинарско прашање за најавите на претседателот Доналд Трамп дека ќе воведе царина од 50 отсто за ЕУ и дали тоа може да претставува закана за македонската економија, премиерот очекува дека ние ќе бидеме меѓу оние земји со најниски царински стапки.

Нашата царинска ставка во моментот е 10 проценти со САД. Ние со ова усогласување воведуваме царинска ставка од 0 проценти за производите и услугите што доаѓаат од САД, така што очекувам сето тоа да биде препознаено. Веќе сме во сериозни разговори со администрацијата на претседателот Трамп. Јас веќе неколку пати разговарав со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник. Мислам дека ќе бидеме меѓу оние земји кои ќе имаат меѓу најниски ставки откако ќе се потпише тој договор, изјави Мицкоски.

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра