Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на увид во Тетово: Изграден е нов дел од булеварот Видое Смилевски- Бато

F4b85d11 8cd5 46f7 1f5e 503253a5fc48.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски и членови на Владата денес беа во увид во градежните активности на проектот „Изградба на булевар Видое Смилески Бато – I фаза“, на потегот од Фуштанска до село Порој, во Општина Тетово.

Мицкоски по тој повод изјави дека овој значаен инфраструктурен проект опфаќа изградба на коловоз, разделен појас, тротоари, како и комплетна подземна инсталација, фекална и атмосферска канализација, водовод и електрика.


Булеварот ќе биде долг 1.783 метри, а со првата фаза успешно се реализираат 650 метри.

Заклучи дека ова е уште еден чекор кон модерна, безбедна и урбано уредено Тетово, а Владата се грижи за граѓаните преку реализација на капитални проекти кои значат подобар живот, побезбедна инфраструктура и подобри услови за сите.

Можете да прочитате

Конститутивна седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Не можам да ги гледам тие што ја грабале во вреќи“: Таткото на Вања ја негира поврзаноста со обвинетите

Меџити: Потребни се итни и координирани акции за спасување на Преспанското Езеро