Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини: Разговори за соработки и иницијативи со светски визионери

496253848 1290819965733260 3305104754776250898 n.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски информираше преку својот Фејсбук профил дека денеска остварил средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини, при што се разговарало за идеи, потенцијални соработки и заеднички иницијативи.

„Имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини, двајца исклучителни луѓе со силна визија, страст и желба за позитивна трансформација“, напиша Мицкоски.


Тој истакна дека Џанкарло Девасини, како сопственик на Tether (USDT), е еден од највлијателните луѓе во светот на криптовалутите и дека неговата посветеност кон иновациите и глобалниот развој е инспиративна.

„Благодарни сме за нивната поддршка, визија и вербата во македонскиот потенцијал. Ваквите средби се потсетник дека со вистинските луѓе, сè е можно“, додаде премиерот.

Можете да прочитате

Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Тензии на протестот во Тркање: Жителите го блокираа патот, градоначалникот Крстевски вербално нападнат

МВР: Протестот на независниот полициски синдикат не е насочен кон нас, туку кон одредени судови