Утрински Весник
Македонија

Мицкоски-Ларсон Џејн: Патот на Македонија кон ЕУ да биде еднаков како и за сите останати држави

Мицкоски-Ларсон Џејн: Патот на Македонија кон ЕУ да биде еднаков како и за сите останати држави
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Македонија, Ами Ларсон Џејн.

dobivaj vesti na viber

На средбата стана збор за економската и енергетската криза во Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го објасни планот за справување со енергетската криза и потенцираше дека за разлика од власта, ВМРО-ДПМНЕ покажува државнички капацитет со план кој е одржлив, со план со кој ќе се заштедат 300 милиони евра и ќе се обезбеди доволно струја за домаќинствата и за стопанството.

Мора да се изнајдат решенија како да се помогне на граѓаните и на бизнис секторот за да се пребродат актуелните кризи во државата, појасни Мицкоски на средбата.

На средбата се зборуваше и за следните чекори на Република Македонија за интеграциите кон Европската Унија, на што Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што од самите зачетоци зборува дека патот на Македонија е во ЕУ и тоа во континуитет се бори и го прави. Меѓутоа, процесот треба да биде еднаков како за сите останати држави, а не истиот да биде процес со понижувања и асимилација на македонскиот народ.

Можете да прочитате

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња