Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Како идна влада ќе ја обновиме државата и ќе ја преобликуваме иднината, за Македонија повторно да биде на народот

Hristijan Mickoski 2 1.jpg

Визијата „Македонија повторно твоја” е Македонија во која веруваш, и која ја сакаш и ја заслужуваш. Македонија на успеси, Македонија за која навиваш и со која се гордееш. Македонија на реформи, проекти, на работа, Македонија во која има ред, систем, поголеми плати и пензии, работа за сите, потенцираше во својот говор на митингот во Кавадарци претседателот Христијан Мицкоски.

Тој кажа дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ  претставува светилник на надежта, и сека има сериозна, најдобра изборна програма досега, наречена „Платформа 1198″.

Во програмата има конкретни проекти што ќе ја обноват и ќе ја преобликуваат вашата иднина, но и кои ќе утврдат јасна траекторија за нашите граѓани. Од здравство до образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред. Нашата „Платформа 1198″ е отисок на позитивна промена, која допира до суштината на твоето секојдневие и те става тебе на прво место. Тоа е нашата заклетва дека граѓаните на Македонија секогаш ќе бидат на прво место.

Иднината не е апстрактен концепт, таа е опиплива реалност која може да се обликува со твоите раце. Со оваа Платформа, промените во кои можеш да веруваш, се во твоите раце. Кај тебе е палката, која ти дава сила да ја направиш Македонија да биде повторно твоја, заклучи претседателот.

Можете да прочитате

Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за Кочани

Учество на министерот Муцунски на Самитот на НАТО во Хаг

Пукотници низ Скопје, жртви од сообраќајки, пожар во Кочани – една година Влада со премногу загубени животи