Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Иднината на регионот е во борбата за посилна економија, соработка и создавање на иднина

20240712101602 Big 730x400 32.webp.webp

На маргините на НАТО Самитот во Вашингтон претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски оствари повеќе билатерални средби и разговори.

Мицкоски се сретна со потсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт департмент Џон Бас. Соговорниците разговараа за стратешките интереси на државата, за македонските напори кои се насочени кон исполнување на истите, како и за интеграцијата и напредокот на регионот.

Премиерот Мицкоски подвлече дека борбата против организираниот криминал и корупција како и владеењето на правото се приоритети на новата Влада.

„Премногу долго корупцијата навлегуваше во секоја пора на институциите и го оневозможуваше напредокот. Тоа се менува преку системска активност која подразбира непристрасност во спроведувањето на законите и поддршка на професионалците кои се задолжени за спроведување на законите. Потребни се промени кои ќе влеат надеж во институциите”, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека иднината на регионот е во тесна соработка на државите, и насоченост кон работите кои не обединуваат како и создавање на иднина која ќе донесе просперитет на сите.

Премиерот Мицкоски оствари средба и со претседателот на Чешка Петр Павел. Соговорниците разговараа за искористување на потенцијалите за економска и политичка соработка.

Претседателот на македонската влада Мицкоски истакна дека иднината на регионот е во полноправно членство во Европската Унија и дека на тој план се направени премногу отстапки и откажувања кои не се вреднувани до крај и дека кочењето преку неразумните спорови мора да престанат. Граѓаните со право бараат подобар живот и дека Владата е целосно посветена на подобар стандард и исполнување на високите критериуми за интеграција.

Мицкоски оствари разговор и со премиерката на Естонија, Каја Калас со која разговараше за интензивирање на соработката и поддршка на македонските ЕУ интеграции.

Можете да прочитате

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње

МЗ: За два и пол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб