Утрински Весник
Македонија

Мицкоски и Перински на средба со новинари за теренските посети на општините „Каде срцето е дома“

20250205180224 Big 730x400 50.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за локална самоуправа наскоро ќе продолжи со серија теренски посети на општините низ земјава наречени „Каде срцето е дома“, со цел да се мапираат сите предизвици во нив и да се сублимираат насоки за нивно надминување. Детали околу посетите ќе бидат соопштени денеска на работен појадок со медиумите во реновираниот Клуб на пратеници.

На средбата најавено е присуствувото на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ресорниот министер Златко Перински, како и на директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски.


Како што соопштуваат од Министерството за локална самоуправа, теренските посети на општините ќе бидат искористени за увид во реализацијата на инфраструктурните проекти финансирани со средства од централниот буџет, како и за размена на искуства и идеи за потребите на отворениот процес за измени на Законот за локална самоуправа.

Можете да прочитате

Петок ( 2 Јануари) ни носи снег и снежна покривка во западните предели

Алкохолна ноќ на патиштата: Удрил во канделабра, нападнал полиција, возел во спротивен правец

Рекордна наплата на патарини: Државната каса побогата за над 4,1 милијарда денари