Утрински Весник
Македонија

Мицкоски ги прозва, Обвинителството отвора предмет за следење од АНБ под изговор дека е „организатор на паравоена структура“

Obvinitelstvo 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Откако од собраниска говорница, Мицкоски во неколку наврати тврдеше дека АНБ го следеле по лажна пријава од наводни „Цилиндер“ и „Џокер“, денеска му успеа. Гласот на Мицкоски, веднаш по средбата со обвинителот Љубомир Коцевски, круниса со истрага.

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ, кој на седница за пратенички прашања во Собранието на РСМ изјави дека бил незаконито следен од безбедносни служби во текот на 2020 година“, се вели во дописот на Јавното обвинителство.


Мицкоски тврди дека АНБ се занимавала со негово физичко следење, како и следење на неговото семејство под изговор дека тој бил „нарачател и финансиер на параполициско воено-вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи“, но зад грбот на МВР.

Обвинителството посочи дека се работи за сензитивен карактер на пласираната информација од премиерот и тврди дека ќе ги преземе сите неопходни активности преку надлежни органи за да ги испита својствата на можни инволвирани лица и евентуалните инкриминирани дејствија. Премиерот и претходно тврдеше дека бил мета на следење и тоа надлетуван со дронови од воздух.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе