Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Европа и светот видоа која е вистинската намера на Софија

Screenshot 1 9.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски, го коментираше неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата на Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со бугарскиот колега Румен Радев.

Мицкоски кажа дека со тоа Бугарија си ги покажа вистинските намери.

Во минатото кога се понижуваше македонското достоинство, се виткаше кичма не се реагираше. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протестни ноти, и нема да имаме дипломатска политика со свиткана кичма. Кога ќе се помине црвената линија, треба да се реагира. Она што е поважно за мене Европа и светот можеа да видат кои се вистинските намери на водството на Софија. Не се вистинските намери Бугари во Устав. Таму многу поголема е потребата да покажат мускули. Ние сме подготвени секогаш на добрососедски односи со добрина да возвратиме, но тогаш кога се поминат црвените линии, мора да интервенираме како што е тоа случај сега кога ќе му биде врачена протестна нота на амбасадорот на нашиот источен сосед, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Брзата интервенција на пожарникарите и доброволците го спречи ширењето на пожарот во Штип

ДЗС бара поранешни полицајци, војници и пожарникари за гаснење пожари – плата до 2.150 евра за три месеци

За првпат МТВ нема да го пренесува Светското првенство во фудбал