
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на ДЗС за раст на БДП, изјави:
„Да го прокоментираме и растот на Бруто домашниот производ во четвртиот квартал. Апсолутно тоа се први индикации дека економијата заздравува, дека одиме во правилна насока за помалку, би рекол од три квартала, ја стабилизиравме состојбата во државата, што беше практично и наша примарна цел. Да ја стабилизираме од слободниот пад, а потоа се разбира преку активни политики и домаќински политики, чесно и добро владеење, да успееме да обезбедиме раст на економијата“, кажа Мицкоски.
Во третиот квартал, како што потсети таа била 3%, сега е 3.2%.
Мицкоски очекува ваквиот тренд да продолжи во првиот квартал од оваа година.
“Очекувам уште една убава вест кон крајот на неделата. И мислам дека стратегијата да ја консолидираме, а потоа да ја придвижиме до точка нула и потоа да ја развиваме полека, но сигурно, вродило со плод. Порано од нашите очекувања се стабилизираа состојбите, буџетот се полни со предвидената динамика и ценам дека доаѓаат убави времиња за македонските граѓани.“