Утрински Весник
Македонија

Мицкоски е уверен дека Христовски ги исполнува условите за директор на АНБ, ја повика Антикорупциската комисија случајот да го стави на брза трка

18102024 Mickoski 1.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски е уверен дека директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, ги исполнува законските услови.

Прашан од новинарите дали ќе бара одговорност од Христовски поради наводите кои се појавија за лажен сертификат по англиски јазик, Мицкоски изјави дека ќе го направи тоа ако го констатира соодветна институција.

Премиерот рече дека ваквите тврдења излегуваат од опозициската СДСМ и исплашените поранешни разузнавачи кои ваквите агенции ги претвориле во тврдина за борба против нив, во времето кога биле опозициска партија.

„Дополнително ме мотивира кога овие кодошко удбашки инсталации во СДСМ и ДУИ напаѓаат чесни луѓе кои си ја сакаат и работат за оваа татковина“, рече Мицкоски.

На коментарот на новинарите дека тврдењата за сертификатот беа објавени од бугарскиот сајт „Фактор“, и прашањето дали разговрал со Христовски, Мицкоски ја изрази увереноста дека се’ е по закон, а потоа ја повика Антикорупциската комисија, како најнадлежна институција да истражи и да го стави случајот на брза трака.

„Јас сум уверен дека ги исполнува условите. Зарем ќе дозволиме такво нешто да се случи. Тој сертификат е издаден од 2022 година. Сега во меѓувреме дали постоела или не постоела таа агенција, тоа е друго прашање. Имаме институции и систем кој функционира“, рече Мицкоски.

Додаде дека удбашко-комунистичките инсталации кои се обидуваат да им вршат притисок имаат зошто да се плашат, бидејќи информациите коишто доаѓаат од таму се катаклизмични.

Во биографија на Бојан Христовски стои дека тој се стекнал со сертификат за владеење на англиски јазик според системот ТОЕФЛ, со полагање на испитот во 2022 во јазичното училиште Language School Julia Cо.LTD во Пловдив.

Можете да прочитате

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци