Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ќе разговараме со повеќе партии за владина коалиција

Vlada Na Makedoni A 12022019 Cropped Scaled.jpg
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Разговорите за коалиција ќе се водат во два правци, ние сакаме да разговараме со сите кои се дел од опозицијата за политиките и визијата која треба да се реализира, и ќе дадеме шанса на сите кои биле опозиција, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само интервју што се емитува на телевизија Канал 5.

Pet Utrinski

Мицкоски укажа дека од ова раководство на ДУИ не очекува промена на нивните ставови.

Screenshot

„Јас од ова раководство на ДУИ не очекувам промени во позициите и дека би ги поддржале овие политики кои ние ги промовираме. Но, секому ќе му дадеме шанса. Нема да се однесуваме игнорантски како владата до сега”, вели Мицкоски.

Мицкоски укажа дека мора да се има разбирање и за опозицијата и да се излезе во пресрет и на некои барања на опозицијата.

„Не може односот да биде имаме 61 пратеник, мнозинство и на останатите да им се лепат етикети”, кажа Мицкоски.

Според него мора да се ослободат  граѓаните од притисокот во кој живеат.
„Видете какви вести има, се сѐ кои од кои полоши. Тоа мора да се смени”, изјави Мицкоски.

Можете да прочитате

Четврток неработен ден за граѓаните од влашката заедница во С.Македонија

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб страната 

В среда ќе се прегласува на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица