Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но не и на функционерите

Mickoski Press So Murtezani 9 Bg.jpg

Во 2025 година ќе растат платите на сите вработени во државата, но нема да растат платите на функционерите, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати, ќе работиме на тоа, но нема тоа право да го имаат функционерите. Тоа го кажавме и тоа го правиме. Правиме измена на законското решение со кое што нема да има покачување на функционерските плати. Оваа измена на законот наскоро ќе биде пред пратениците, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник за изградба на спортска сала во населено место Црешево во Општина Гази Баба.


Нагласи дека смета оти тоа е исправен чекор.

-Ценам дека тоа е исправен чекор иако постои дебата. Ќе продолжиме и во иднина да работиме во интерес на граѓаните и на сите оние коишто не гласале и имаат доверба во нас како Влада, потенцира Мицкоски.

Можете да прочитате

Притвор за дилер од Битола, им давал марихуана и на деца

Љутков: Библиотеките мора да се приспособат, да бидат подостапни за сите граѓани без исклучок

Основен суд Битола за изнесената пресуда во лифт: Обвинетиот не беше присутен, пресудата им беше усно јавно објавена