Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката

Ukim1.webp.webp

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање поврзано со поддршка на науката, потенцираше дека Владата двојно го зголемила буџетот на науката и овозможила бесплатен пристап кон најголемите две бази на списанија.
 
„Она коешто прво би кажал е дека буџетот за науката е двојно зголемен оваа година споредено со минатата година. Дали е тоа доволно бидејќи доаѓам од науката, ќе ви кажам не, но е секако повеќе од тоа што беше минатата година, мислам дека околу 650,660 милиони денари. Нашата цел е да ја стимулираме науката и во таа насока е и онаа активност на Владата да обезбеди бесплатен пристап на сите научници и млади, но и поискусни на две бази на научни списанија. Ако тоа во минатото се плаќаше и беше тешко достапно, сега веќе го имаат бесплатно, државата тоа го покри за сите универзитети и очекувам младите научници да продолжат во таа насока да се однесуваат, односно да ги користат овие бази на научни списанија и да ги следат светските трендови, а со тоа да публикуваат понатаму свои научни трудови, а со тоа да придонесат да нашите универзитети се приближат напред кон првата илјадарка според Шангајската листа на универзитети, којашто е една од најважните репер листи во светот и очекувам тоа да се случи во овој мандат на оваа Влада. Ние како влада правиме сѐ”, одговори премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Воената академија во Скопје ќе добие спортска сала, покрај питомците ќе ја користат и училиштата во општина Аеродром

Задутре времен застој на ГП “Делчево” заради градежни работи

Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка