Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Додека сум премиер, ако не видиме испорака од бугарска страна, нема да се поместиме ниту милиметар

44de3efb 7a1a 2636 6677 a08053c132dc.jpg

Добрососедските односи се двонасочна улица. Не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер. Ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето рациото и разумот ќе преовладеат. Јас сум свесен дека имаат многу внатрешни проблеми. Гледам дека изгледа ќе бидат првата држава што ќе добие мерки од Европската централна банка, бидејќи ги фалсификувале и ги лажирале извештаите за буџетскиот дефицит. Имаат големи проблеми со инфлацијата, со економијата генерално, па можеби сега бараат нова тема, а најдобра тема е радикализирани ставови кога станува збор за македонското прашање. Но, ние сме трпеливи, ќе работиме и ќе победиме како многу пати што сме победиле во историјата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова, дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми и дека Софија нема да отстапи од договореното од 2022 година.

Одговорајќи на новинарско прашање, Мицкоски повтори дека земјава постојано нуди решенија. 


-Ние нудиме цело време решенија. Софија пред себе има во минатото и други договори кои, за жал, не ги почитува, а тоа е, да речеме, потпишаната резолуција за заштита на човековите права. И на маса им стојат најмалку 14 пресуди што доаѓаат од Судот за човекови права во Стразбур, па тие не ги почитуваат. Е да, тие ќе ви кажат, „вие сакате да дојдете во клубот каде што сме ние“. Ние не сакаме да дојдеме во клубот каде што сте вие. Но, тоа е уцена и булинг. Ако веруваме и стоиме до европските вредности, тогаш треба да веруваме и стоиме до европските вредности, а ако тие мислат дека се таму и за ние да бидеме таму, треба да ги прифатиме нивните барања, тогаш оваа влада таа игра нема да ја игра и сè додека сум јас премиер, додека не видиме испорака од нивна страна, ние нема да се поместиме ниту милиметар, истакна Мицкоски. 

Можете да прочитате

Тетовец ja повредил сосетката со остар предмет, па отишол дома и ја малтретирал мајка си

Уапсени осум лица за дрога во последните 24 часа

„И Здравје и Работа“: Додека соседите чекорат напред во развој на рударството, Македонија не смее да остане заробена во статус кво