Утрински Весник
Македонија

Мицкоски до Ковачевски: Лидерска за решавање на проблемите на граѓаните, а не за уставни измени

Мицкоски до Ковачевски: Лидерска за решавање на проблемите на граѓаните, а не за уставни измени

Покана се уште немаме добиено и не го знаеме форматот на лидерската средба, не ја знаеме содржината и темите на кои што би се разговорало, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе присуствува на лидерска средба откако вчера Димитар Ковачевски повика на истата.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски испрати совет до владата потенцирајќи им доколку се одржи лидерска тема тогаш да се разговара за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, односно за нивно решавање и надминување, додавајќи дека доколку власта мисли дека ВМРО-ДПМНЕ ќе седне да разговара за уставните измени тогаш очигледно е дека се лаже, бидејќи како што рече тоа ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени е познат во јавноста, односно не прифаќаат уставни измени под овие околности.

„Мојот совет до владата и до Ковачевски е доколку се случи таа лидерска средба да разговараме за она кое што е навистина голем проблем за граѓаните, тешкиот живот, економската состојба на граѓаните, ниските плати, ниските пензии, високите сметки кои ги плаќаат граѓаните, инфлацијата, енергетската криза која што со паѓањето на температурата веќе ќе ја почувствуваме сите, тоа се оние суштински проблеми кои и според мерењето на јавното мислење, но и општествено вака што можеме да ги слушнеме од граѓаните се актуелни. И како одговорни политичари треба да разговараме за надминување и решавање на тие проблеми“, вели Мицкоски.

Ако некој мисли дека ќе наметне теми кои што поларизираат како што е за промена на Уставот, па дека ВМРО-ДПМНЕ ќе седне на таа лидерска средба, па сега ние ќе зборуваме за нешто што е познато и константа во јавноста, тогаш се лаже, бидејќи ставот на ВМРО-ДПМНЕ е познат во јавноста, а тоа е непроменлив, односно дека под овие околности промена на Уставот нема, дециден е Мицкоски.

Можете да прочитате

Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Стејт департмент: Закани, насилство и политички притисок врз медиумите во Македонија

Граѓанска победа: Багерите повлечени од Кожуф