Утрински Весник
Македонија

Мицкоски до ДУИ: Го знаете мојот број, донесете ги доказите за Меџити, но имам доберба во Меџити

Mickoski Ahmeti.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика ДУИ, да достават докази до него за корупцијата која тврдат дека ја направил вицепремиерот Изет Меџити. Мицкоски рече дека одма ќе ги даде на органите за да постапуваат. Но посочи и дека има доверба во Меџити, а за ДУИ повтори дека нивното второ име е „корупција“.

„Сите кои поседуваат било какви докази, за такво нешто, како што тврди ДУИ, еве мојот број сите го знаат, ако треба ќе напуштам состанок, за да ги видам докази и да ги дадеме на органите кои треба да постапуваат“


Тој упати предупредување до ДУИ.

„Треба да ги предупредам од ДУИ дека продолжуваат да сејат пердуви и да се занимаваат со магла оптоварена со корупција, кое беше нивно второ име во минатото. Главен атрибут им беше ТЦ Соравија, „Ролс-ројс“ автомобилите на сватовите, деловните простории на тогашниот шеф на кабинет на Ахмети и така натаму, можам една цела прес-конференција да ви ги редам скандалите. Тоа е Фројд, владее со нивната потсвест, јас имам доверба во работењето на господинот Меџити“, додаде Мицкоски.

Можете да прочитате

УКРО: Биолошката терапија пристигна, пациентите ќе бидат информирани кога да ја примат

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски, бидејќи законот важи за сите

Промоција на колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ во Задар