Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Бујар Османи точно знаеше што прави, закова шајки на македонскиот идентитет – тоа нема да го заборавиме!

Mickoski 2.webp.webp

„Суштината на бугарските барања е обид да се создаде нова македонска нација која користи нов македонски јазик кој почива на бугарски корени, а не внесување на Бугарите во Уставот“.

Премиерот Христијан Мицкоски оценува дека секој еден кој ова не го гледа или е политичка аналфабета или не треба да се занимава со политика.


-Ова го знаеше точно и Бујар Османи, точно знаеше што прави. Директно стави нож во плуќата на македонскиот идентитет и закова шајки. Директно. И тоа нема да го заборавиме. Тоа никогаш нема да го заборавиме. Прифаќајќи го францускиот предлог, директно закова шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет. Но ние ќе се бориме, секаде ќе се бориме. Ефектите од таа борба се гледаат. Ние немаме друга опција, ќе се бориме до крај, додека можеме. Не знам дали ќе успееме, но нашите аргументи добиваат гласност, рече Мицкоски.

Премиерот порача дека граѓаните се мудри, внимаваат и нема да дозволат повторно да се стави шајка на македонскиот идентитет од некои наследници на Ковачевски, Османи, Маричиќ и слични…

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата