Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ако треба Владата да падне поради „Сејф Сити“, подготвен сум на тој ризик

Mickoski.jpg

Говорејќи за проектот ,,Безбеден град” на ТВ21, премиерот Мицкоски потенцираше дека е подготвен да понесе ризик дури и да падне Владата за проектот.

Според него целта не е да се наплаќаат казни, туку да се спасуваат човечки животи.

„Целта не е да се наплатат казни. Затоа што како прво има толеранција, ако се вози 5 километри повеќе, нема да има казни. Ако возите повеќе од 10, ќе бидете казнети. Но, повторно ќе кажам целта не се казни, туку да се делува едукативно и превентивно. Ако треба оваа влада да падне за Сејф Сити, а потоа да дојде друга влада и да го укине, и да вози кој како си сака, тогаш во ред, подготвен сум тој ризик да го понесам“, изјави Мицкоски.

Можете да прочитате

Трајанов: Постои национална платформа за намалување ризици од катастрофи

Тошковски: Да покажеме дека создаваме европски вредности, но и за нас да важат истите принципи за европскиот пат како и за сите други

Претрес во Куманово, пронајден пиштол и муниција, приведено едно лице