Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме

454351531 1098547284960530 7775765651562997934 N.jpg

Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме како што граѓаните тоа го заслужуваат. Има разлика. Кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе функционираат и кога криминалот ќе стане неисплатлив тогаш приходите во буџетот ќе пораснат, пишува на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

„Директорот Бобан Николовски ме извести дека Месец јули, Царинската управа бележи рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приходи. За истиот месец, Управата за јавни приходи со која раководи Елена Петрова наплати 13.4 милијарди денари што исто така е своевиден рекорд. Овие пари значат повеќе инвестиции за градинки, училишта, пристојно здравство. Лесно може да се извлече заклучокот дека овие пари завршувале во нечии приватни џебови изминатите години. За брзо ќе дојде време да се даде одговор и на ова прашање. Со домаќинско и одговорно работење за повисок стандард и подобар живот, вели Мицкоски.

Можете да прочитате

Средба на Тошковски и Јанев со полициските аташеа: Продолжуваме со интензивната полициска соработка во сите области

Поради немање кворум, одложен изборот на Христовски за асистент

Доцнат повеќе социјални додатоци, граѓаните гневни чекаат по банките, надлежните повикуваат на разбирање