Утрински Весник
Економија

Мицкоски: 63-64 македонски проиводи ќе се извезуваат во САД по тафифи од 0 до 6,5 проценти

Mk usa.webp.webp

Шеесет и три-шееесет и четири производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти – изјави премиерот Христијан Мицкоски и најави дека во текот на денот ова ќе биде потврдено со заедничка изјава.

– Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести oттаму и очекувам негде околу шеесет и три-шеесет и четири производи, кои се за нас стратешки, да бидат со поволна тарифа, која ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу нула и шест и пол проценти – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува поволна одлука за тарифите од САД по поставувањето камен-темелник за спортска сала во училиште во Карпош.

Тој додаде дека изминатите месеци воделе многу активни и жестоки преговори и оти ваквите поволни стапки се резултат на овие преговори. 

Можете да прочитате

Исплатени субвенциите за овчарство за 2.139 сточари

Повторно раст на цените на нафтата

WIZZ AIR најавува отворен ден за пилоти за својата база во Скопје