Утрински Весник
Свет

Мијалков не избрка, сега бараме Бугарија да ја спаси куќата на големиот бугарски писател Талев, велат неговите наследници

Мијалков не избрка, сега бараме Бугарија да ја спаси куќата на големиот бугарски писател Талев, велат неговите наследници

Димитар Талев е една од најобединувачките фигури меѓу Бугарија и Македонија. Мора да градиме мостови меѓу двата народа, а Талев е пример, ја сака Македонија. Сакаме државата да влезе во директни преговори со сопствениците на куќата на Талев, да ја откупи и зачува“, порача Димитар Панчев, наследник на бугарскиот писател Димитар Талев, јавува „БГНЕС“.

dobivaj vesti na viber

Наследниците на писателот Талев, студентскиот клуб „Кан Кубер“ и клубот „Патријархатот и патриотизам“ на прес-конференција во врска со можностите и решенијата за куќата на Талев ја повикаа бугарската држава да направи сè што е потребно за да се зачува овој, како што велат, споменик на Бугарија во Македонија.

„Куќата паѓа. Ние сме протерани од нашата земја. Сашо Мијалков, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање нè избрка од таму и се вративме кај татко ми. Приказната за Димитар Талев се повторува, тој беше избркан, сега јас и моето семејство бевме избркани. Срамота за Бугарија, да не множе да собере 100.000 евра за една куќа, срамота“, изјави Снежана Аческа.

„Бугарската држава треба да зачекори во својата улога и да ја спаси куќата на големиот бугарски писател од РСМ – Димитир Талев. Не треба да дозволиме да се отсече националното и културното наследство. Турската страна сака да ја даде куќата под закуп, бидејќи е пример за отоманска архитектура, турската држава има фокусирана политика да ги зачува овие објекти, врз кои имала влијание, ова е т.н. „мека моќ“. Бугарија треба да има насочена политика кон такви луѓе, кои се толку важни за Бугарија“, рече Љубомир Талев.

„Куќата на Димитар Талев е света за сите нас – во неа се развиле познати романи“. Ова го изјави професорот Михаил Неделчев.

„Бугарија да има една куќа – музеј, симбол на бугарската култура и литература во центарот на Прилеп, тоа дефинитивно треба да се случи. Како историчар силно ја поддржувам оваа кауза и максимално ќе помогнам да се зачува куќата на Димитар Талев“, подвлече Неделчев.

„Каква и да е цената на таа куќа, таа е неспоредлива со бесценетата литература на Димитар Талев. Ова е огромен имот за Бугарија и треба да се зачува, куќата нека се изнајми, бидејќи за бугарската страна тоа е бесценето“, вели наследникот на Гоце Делчев.

„Ако имаме проблем, тоа се нарекува индолентност на бугарската држава. Ние треба да го чуваме споменот на Димитар Талев, тој може да стане објект на туризам меѓу двете страни. Овој објект може да бара европско финансирање“. Ова го предложи Спас Ташев од БАН.

На прашањето на БГНЕС до кои институции се доставени барањата за зачувување на куќата на познатиот писател, Димитар Панчев изјави дека биле доставени писма до МНР и до Министерството за внатрешни работи и Министерството за Култура, но досега како што кажаа нема резултат.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади