Утрински Весник
Македонија

Мијалков добива слобода за „Титаник 2“: Мендух Тачи не дојде, јавната седница се одложи

Мијалков го делат 27 дена од застарување на делото или правосилна пресуда за „Титаник 2“

Поради неуредна покана за обвинетите и адвокатите, се одложи јавната седница за предметот „Титаник 2“, а следната е закажана за 13 април. Делото на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, му застарува на 7 април. Ова значи дека на него нема да му се суди за изборните нерегуларности. На јавната седница закажана за денеска не дојде обвинетиот Мендух Тачи, па пропадна обидот да се донесе брза пресуда.

dobivaj vesti na viber

Случајот „Титаник 2“, за изборните нерегуларности, два пати влезе во судница во Кривичен суд и по втор пат е во Апелација. Мијалков се гонеше за примање награда за противзаконито влијание.

Првата пресуда за „Титаник 2“ беше укината од Апелација во декември 2019 година. Од тогаш до јануари 2023 година предметот се судеше во Кривичен суд. Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново ги прогласија обвинетите за виновни. На повтореното судење, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков е осуден на казна затвор од две години. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, исто така доби казна затвор од две години.

Можете да прочитате

Цветин му подари Виолински клуч на Карерас со порака „Музиката и уметноста ќе го спасат светот“

Пронајдени четири илјади метри рибарски мрежи и 117 килограми белвица во Охридското Езеро

Активни шест пожари на отворен простор, пет под контрола и 30 изгаснати