Утрински Весник
Економија

МФ исплати нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании

Ministerstvo za finansii.jpg

Министерството за финансии (МФ) изврши исплата на две нови транши кон Развојната банка, вкупно 873 милиони денари (14,2 милиони евра). Првата транша изнесува 305 милиони, а втората 568 милиони денари. Со овие средства, државната поддршка за домашната економија достигнува 217,5 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра.

Средствата се обезбедени преку кредитна линија од унгарската Експорт-импорт банка и се пласираат преку деловните банки со каматна стапка од 1,95% годишно, рок на отплата до 15 години и грејс период до 3 години.

Целта е поддршка на приватните инвестиции, развој на компаниите и поттикнување на економски раст. Вредноста на целокупниот инвестициски циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

Можете да прочитате

Луфтханза цел јуни нема да лета на релација Франкфурт – Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за економија, затоа што ја доведе државата на раб на банкрот

Со годишна просечна плата во Скопје можат да се купат 4,5 квадратни метри стан