Утрински Весник
Економија

МФ: 2,9 милиони евра нова транша од Буџетот за поддршка на домашните компании

Ministerstvo za finansii.jpg

Нова транша од 176,6 милиони денари или приближно 2,9 милиони евра се трансферирани од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

Ова е втора транша во оваа година којашто се пласира кон Развојната банка, а оттаму кон комерцијалните банки преку кои се пласираат средствата кон крајните корисници, компаниите.


Досега вкупно се пласирани во домашната економија  14 милијарди денари или 227,3 милиони евра.  

Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

Можете да прочитате

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

М-таговите отсега достапни преку мобилните оператори по цена од 49 денари месечно

Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%