Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Метеж на граничните премини: на Табановце и на Богородица се чека по половина час

Гужви за влез во Грција
Img 7972

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, објави Автомотосојузот на Македонија во најновиот извештај за состојбата на патиштата.

dobivaj vesti na viber

На Граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?