Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме доаѓа во Македонија!

Meteoalarm.mk 33.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на атмосферски фронт кој се спушта преку алпскиот регион  и носи значително посвеж воздух, денес и утре (петок и сабота 22/23 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо облачно, локално и тоа особено во западните предели и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.


Особено до крајот на денешниот ден (петок 22 август) ќе дува засилен, повремено силен ветер претежно од западен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). Можна е  и појава на локално невреме, па токму поради ова, особено поради очекуваниот силен ветер апелирам граѓаните да обратат внимание каде  се движат, особено да обратат внимание на своите автомобили, тоа значи поради очекуваниот силен ветер да избегнуваат да ги ставаат своите автомобили во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.

И во Скопје  и околината ќе дува засилен, повремено силен ветер од западен правец (во делови од котлината повремено и локално со брзина од над 60/65 км/час).

Утре пак (сабота 23 август) температурите ќе бидат пониски за 5 до 7 степени во споредба од оние кои ги имавме до вчера а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, а утре (сабота 23 август) тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени

Можете да прочитате

Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“

Сиљановска-Давкова: Струга е поетска република што гради мостови и го менува светот

Крај на импотентното правосудство: Робусна акција за вистинска правда