Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилни врнежи и можно локално невреме

Meteoalarm.mk 20.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Обилните врнежи кои ја зафатија нашата Македонија изминатата ноќ ќе продолжат се до вторник (11 ноември) и повремено тие ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи и со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.

Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 35 литри на метар квадратен дожд). И во Скопје  и околината до вторник (11 ноември) ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.

Локално пак овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и со електрични празнења.

Што се однесува до температурите тие ќе бидат малку над просекот за овој дел од годината и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 15/16 степени.

Да напоменам дека токму ова е поради влијанието на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот и истите како што веќе најавив ќе условуваат врнежливо време со повремено обилни и поројни врнежи од дожд проследени со грмежи и со силен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Можете да прочитате

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

ДУИ: Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница