Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Преќу ноќта, како и утре (сабота) повремено силен југозападен ветер (над 70 км/час)

Gustkph 20240913 00 036.jpg

Почитувани мои, територијата на Македонија се наоѓа под влијание на циклонска активност која претходно се формираше над Средоземјето, а потоа се премесати над Јадранот и ја зафати и нашата држава.

Во ваква ситуација, покрај повремените локални врнежи и значителниот пад на температурите на воздухот, кој особено ќе го почувствуваме од недела (15.9.2024), преку ноќта, како и утре (сабота) на повеќе места во Македонија ќе дува повремено силен ветер од југозападен правец (повремено со брзина од над 70 км/час). И во Скопскиот регион ќе биде ветровито со повремено засилен ветер од југозападен правец.

А сега, уште еднашка ве потсетуваме на нашата денешна најнова метео анализа

ОД ЗАПАД ЗАПОЧНУВААТ НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА: Ладниот бран од север полека ни доаѓа и значително ќе ги спушти температурите

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ ги одби амандманите на Левица за земјоделците, јавниот превоз, здравството и научната инфраструктура

Клековски и Мемишоглу потпишаа меморандум за соработка во здравството меѓу Македонија и Турција

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор