Утрински Весник
Македонија
Img 7972

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре (вторник) изутрина поради ниските температури, можна е појава на мраз и на слана!

Meteoalarm.mkladno.slana .mraz .png
300x250 opst2

Поради влијанието на студената воздушна маса која се спушти од север кон Балканот и во Македонија, но и поради целосното разведрување, утре (вторник) во утринските часови ќе биде особено студено, па така минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.

Поради ваквата состојба, на повеќе места во Македонија, особено во повисоките населени места, во Беровскиот регион,како и на планините е можна појава на слана  и на мраз. Токму поради ова, апелираме земјоделците навремено да ги заштита своите земјоделски култури.

Инаку до среда температурите преку ден ќе бележат тенденција на постепен но не многу голем пораст, додека од четврток следува нова поголема промена на времето, пониски температури и пообилни врнежи од дожд.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму