Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни следува нагло и големо заладување на времето и силен северен ветер (над 60 км/час)

T2m 040 Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Поради спуштање на значително постудена воздушна маса од север, денес (недела) и тоа од попладневните  и вечерните часови температурите нагло и значително ќе опаднат, на повеќе места за околу, па  и за повеќе од 10 степени, додека во северните предели тие ќе опаднат дури за повеќе од 15 степени. Во текот на денов ќе има  и повремени локални врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.

Ќе започне да дува засилен до силен ветер од северен правец кој ќе се задржи и во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник), како и во понеделник преку целиот ден. Најизразен ветерот ќе биде долж Повардарието (над 60 км/час). Поради заладувањето, денес  (недела) не се исклучува можноста на највисоките планински места да има провејување  и на слаб снег.

Денес температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, и тие дополнително ќе опаднат од попладневните часови па натаму. Утре (понеделник) наутро температурите ќе бидат доста пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени.

Најстуден ден ќе биде утрешниот, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Особено студени утра  и тоа поради разведрувањето ќе  имаме во вторник и среда, и тие ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени, па така на повеќе места е можна појава на слана  и на мраз.

Од вторник температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст, а од утре (понеделник) до среда времето ќе биде стабилно и суво, а нов бран на пообилни врнежи од дожд ќе има од четврток.

НАПОМЕНА: Овие нагли и големи промени на времето, особено лоши ќе влијаат врз метеопатите.

Можете да прочитате

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!