Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО НАЈАВА: До крајот на работнава недела променливо со појава на магла по котлините, во петок наутро многу постудено!

T2m 077 Crop.png
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

До крајот на оваа работна недела ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, а ќе биде  и претежно без ветер и тивко, па така по котлините ќе има појава на густа магла и на ниска облачност, особено во ноќните  и во утринските часови. Посончево време ќе имаме  во петок. Исто така, утре и во четврток во западните предели ќе има услови за појава на сосема слаб дожд, додека на планините ќе провејува слаб снег.


И во Скопскиот регион во следните два дена ќе имаме променливо облачно време со појава на магла, особено во ноќните и во утринските часови. Повеќе сонце ќе има во петок.

Што се однесува до температурите, максималните дневни температури ќе бидат малку пониски за разлика од изминативе денови и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.

Значително постудено утро ќе имаме во петок, кога речиси насекаде температурите ќе се спуштат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!