Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО АНАЛИЗА: И натаму натпросечно топло време за април

Bd0f9d9c A583 4745 815b 345c0bb90a5b.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во периодот од денешниот ден, па се до среда, територијата на Македонија  и понатаму ќе се наоѓа под влијание на топлата воздушна маса од Африка, како и на стабилна  и сува воздушна маса.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 28 степени. Овие температури кои не очекуваат наредните три денови, секако и понатаму се натпросечно високи за овој период од годината.

Можете да прочитате

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред 

„Системот е во колапс поради лоша имплементација“: Петковска за трката за ОЈО ГОКК и блокадата во Судскиот совет

Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО – отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби”, по член 353 од КЗ!