Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Метју Пери тврди дека Камерон Дијаз му удрила шлаканица пред 15 години

Метју Пери тврди дека Камерон Дијаз му удрила шлаканица пред 15 години
Img 7972

Метју Пери во својата нова книга открива детали за тајно рандеву во Холивуд во 2007 година, кое завршило катастрофално за него.

dobivaj vesti na viber

Во мемоарите насловени „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“, 53-годишниот актер сподели дека му ја наместиле Камерон Дијаз откако таа се разделила од Џастин Тимберлејк во 2007 година.

Но, кога се нашол лице в лице со ѕвездата – која сега има 50 години – таа не покажала никаков интерес за него, била „напушена“ и случајно го удрила по лицето.

Метју, како што пренесува „Пејџ сикс“, ја започнува приказната со тоа дека му била договорена средба со филмската ѕвезда Дијаз од „Чарлиевите ангели“.

Набрзо откако се раздели од поп-ѕвездата Тимберлејк во 2007 година. Дијаз беше сингл и очигледно отворена за состаноци.

Тоа не бил состанок еден на еден со Пери, туку групна вечера каде што требало да се запознаат.

„Кога влезе во просторијата, веднаш се напуши“, пишува Пери.

И во текот на вечерата, таа му обрнувала малку внимание на актерот од „Пријатели“ бидејќи изгледало дека воопшто не ја интересира. Метју се трудел да го привлече нејзиното внимание со нешто духовито кога играле Pictionary, но тоа не поминало добро.

Како што пренесува „Пејџ сикс“, Метју во својата книга тврди дека таа се обидела да го удри во рамо, но потоа „случајно“ го удрила по лице.

Дијаз се омажи со Бенџи Маден во 2015 година. Заедно тие имаат двегодишна ќерка, Редикс.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?