Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Меси собори уште еден рекорд на Роналдо

Меси собори уште еден рекорд на Роналдо
300x250 opst2

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси успеа да собори уште еден рекорд во Лигата на шампионите, кој беше во сопственост на Кристијано Роналдо.

dobivaj vesti na viber

Меси од синоќа е фудбалерот со најмногу постигнати голови надвор од шеснаесетникот во Лигата на шампионите.

Во вторникот вечерта ПСЖ на домашен терен слаеше над Макаби Хаифа со 7:2 во натпреварот од 5.коло од групата Х на Лигата на шампионите.

Меси на тој натпревар постигна два гола – во 19. и 44. минута.



Вториот гол Меси го постигна надвор од шеснаесетникот на гостите. Тоа беше негов 23. гол, кој го постигна надвор од шеснаесетникот, со што го престигна Роналдо кој постигна 22 гола во оваа категорија.

Роналдо останува најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 140 постигнати голови, додека Меси е на бројка од 129 постигнати голови во елитното натпреварување.

 

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг