Утрински Весник
Спорт

Меси се врати во Париз

Меси се врати во Париз

Одморот на Лионел Меси заврши и тој веќе е во Париз. Аргентинската ѕвезда на Пари Сен Жермен доби дополнителна пауза од клубот по завршувањето на Светското првенство во 2022 година, на кое „гаучосите“ триумфираа освојувајќи ја светската титула.

dobivaj vesti na viber

Меси слета во француската престолнина и веднаш се упати кон тренинг-центарот на ПСЖ. Сепак, тој не ги пресретна останатите играчи бидејќи имаат слободен ден.

Утре Лео ќе го одработи првиот тренинг годинава. Сепак, се уште не е јасно дали тој ќе настапи на натпреварот против Анже на 11 јануари.

Се очекува Меси наскоро да го обнови договорот со ПСЖ. Договорот ќе биде на 1+1 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина