Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Меси ја одбил првата понуда на ПСЖ за нов договор

Меси ја одбил првата понуда на ПСЖ за нов договор
Img 7972

Лионел Меси ја одбил првата понуда на ПСЖ за продолжување на договорот, пишуваат француските медиуми. Аргентинецот не е задоволен од новите финансиски параметри и одбил да го продолжи договорот со парижаните, иако пред СП 2022 двете страни постигнаа начелен договор за најмалку уште една сезона.

dobivaj vesti na viber

Сепак, ПСЖ има проблем со финансискиот фер-плеј на УЕФА. Поради тоа клубот мора да ги намали платите на играчите за повеќе од 30 отсто, па на Меси му понуди нов договор со помала плата од актуелната.

Аргентинската ѕвезда не се сложува со таква понуда. Меси оваа сезона заработува 38 милиони евра од ПСЖ.

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер