Утрински Весник
Магазин

Меркур и Марс прават хаос: Следуваат кавги, хаос во сообраќајот и љубовни шокови

Img 2763.jpeg

Во најновото издание на астролошката емисија „Планетите зборуваат“ на 4tv.mk, покрај анализата на огнениот стелиум, фокусот беше ставен на психолошкото влијание на тековните транзити.

Астрологот Наташа Јанковска предупредуваат на сериозни предизвици во секојдневната комуникација, сообраќајот, но и неочекувани пресврти во љубовните врски.


Еве уште еден агол на астролошките случувања кои ќе го одбележат следниот период:Ослободување на потиснатите емоции Младата Месечина во Овен претставува моќен спој на свесното и длабоко несвесното.

Ова е период кога потиснатите работи во нас самите може да испливаат на површина и да станат свесни.Се препорачува луѓето кои имаат проблем со потиснување на емоциите конечно да ги ослободат.

Доколку овие емоции не се процесираат, постои голема опасност тие да преминат во пасивна агресија, која негативно ќе се одрази на односите со другите луѓе. Хаос во комуникацијата и црвен аларм за сообраќајот. Следните две недели носат забележителна нетрепеливост во начинот на комуникација.

Конјункцијата на Меркур и Марс може да предизвика недостаток на комуникација помеѓу мислите и зборовите, односно зборовите да бидат побрзи од мислите, што ќе води до конфликтни ситуации.Особено внимание треба да се посвети на сообраќајот, бидејќи може да дојде до возење со преголема брзина, губење на фокусот и судири со другите учесници.

Строго се препорачува да не се управуваат моторни возила под алкохолизирана состојба, бидејќи конјункцијата на Марс со Нептун ја повлекува потребата за консумирање алкохол и психотропни супстанци, со што ризикот од сообраќајни несреќи е значително зголемен.

Поради конјункцијата на Меркур со Сатурн, луѓето може да се соочат со тежина во размислувањето, страв од јавно говорење и блокади во комуникацијата.

Љубовни односи: Тест за стабилноста На емотивен план, Венера прави конјункција со Уран во крајните степени на знакот Бик, што носи нестабилна енергија.Во партнерските односи ќе се појави силна потреба за поголема слобода и послободна форма на врска.

Многумина ќе се чувствуваат ограничени од страна на партнерот. Доколку се влегува во нови односи, тие најчесто ќе бидат започнати со пријатели и веројатно нема да траат долго, бидејќи Уран е планета која руши и не дава стабилност.

Можно е во партнерските односи да се покаже емоционална незрелост, каприциозност и нестабилност.

Астролошки совет: Со оглед на тоа дека луѓето во овој период се со „краток фитил“ и лесно избувнуваат, најдобро е да се свртиме кон нашата внатрешност. За да се заштитиме себеси, се препорачува практикување на духовни техники кои помагаат во смирување на умот, со цел да се избегне привлекување на конфликтни ситуации.

Повеќе на видеото

Можете да прочитате

Следуваат две тензични недели – луѓето ќе имаат „краток фитил“ вели Јанковска

Во Кина почна масовно производство на летачки автомобили

„Ер Њу Зиланд“ воведува кревети на спрат во економската класа, со забрана за грицки и гушкање