Утрински Весник
Економија

Мерки без ефект – потрошувачката кошница во октомври намалена за 50 денари

Super Market 1 1 1.jpg

Според пресметката на ССМ, синдикалната кошничка за октомври изнесува 61.249,00 денари, што е за само 50 денари помалку од септемвриската која изнесуваше 61.306,00 денари.

Во октомври Владата под притисок на јавноста воведе таканаречена есенска кошничка и намалени цени на над 70 производи.

Сепак, официјални податоци покажуваат дека таквата мерка дала само минимален ефект во заштита на животниот стандард на граѓаните.

Според пресметките на ССМ, ако на оваа пресметка се додаде и кирија за стан од 60 м2 кошницата за октомври е 76.624,00 денари.

Според ССМ цените треба уште да се намалуваат, а нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика, туку, како што велат, има поврзаност само со алчноста.

Од ССМ сметаат дека при креирањето на мерките Владата треба да го вклучи синдикатот за тие да бидат подобри.

Можете да прочитате

СДСМ: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Левица: Владата на Мицкоски го подготвува теренот за враќање на „Иловица – Штука”

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички