Утрински Весник
Свет

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток 

Frodrih Merc Cdu 3 F.jpg

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на деескалација на тензиите на Блискиот исток. Тој истакна дека сигналите на американскиот претседател Доналд Трамп, укажуваат на можност за завршување на борбените акции во Иран.

„Исклучително сум благодарен што американскиот претседател синоќа испрати сигнал дека е подготвен да ги заврши непријателствата. Сепак, тоа подразбира дека Иран ќе го напушти својот нуклеарен програм, ќе ја заврши поддршката на тероризмот и ќе биде подготвен да се вклучи во преговори. Ако сето тоа е можно во наредните денови, тогаш се движиме во вистинската насока“, рече Мерц пред новинарите пред самитот на Европската унија во Брисел.


Тој додаде дека вистинското прашање е како Европа да се афирмира во овој сè поизазовен свет и како да обезбеди дека можеме да одржиме чекор, како во однос на одбранбените способности, така и во однос на снабдувањето со енергија.

Можете да прочитате

Шест земји се подготвени да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот теснец

Шефот на НАТО: Ормутскиот теснец мора да се отвори, како сојузници мора да најдеме начин

Италија ги намалува даноците на горивата