Утрински Весник
Македонија

МЕПСО се соочува со кибер напад! Снабдувањето со струја не е загрозено

Mepso logo 960x485 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонскиот електропреносен оператор (МЕПСО) АД Скопје се соочува со кибер напад, но, како што соопшти денеска прес-тимот на МЕПСО, целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени.

Од МЕПСО истакнуваат дека критичната електронергетска инфраструктура не е предмет на нападот, безбедна е и целосно функционална.

– Во услови кога целиот свет се соочува со негативен глобален тренд на кибер напади и нашата компанија не остана имуна на тоа. Иако АД МЕПСО ги има преземено сите мерки за заштита од кибер напади од највисок степен сепак деновиве се соочивме со инциденти од тој вид. Имајќи предвид дека основната дејност на АД МЕПСО е пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем ја информираме јавноста дека критичната електроенергетска инфраструктура е безбедна, целосно функционална и не е предмет на овој кибер напад. Тоа значи дека целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени – наведува МЕПСО во соопштение.

Оттаму велат дека инцидентот е пријавен кај сите надлежни институции согласно препораките и правилата за кибер безбедност.

„Од страна на нашите стручни служби се преземени сите мерки за ублажување на ефектите од овој кибер напад и во соработка со експерти од областа работат на нормализирање на секојдневната работа на компанијата“, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот

УХМР: Од среда расчистување на маглата

Зголемен број случаи на грип во Македонија