
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека химната нема потреба да се менува, додека за грбот, смета дека сега не е време. Шефицата на државата се плаши да не се влезе во нови конфикти.
„Точно е дека тој има симболи кои укажуваат повеќе на географијата отколку што на нешто што е белег на историјата. Имам само дилема околу отворањето на прашањето. Не негирам дека низ историјата најприсутен бил лавот на златна позадина. Но, мојата е дилема е следната – секогаш кога почнуваме да разговараме за вакви етнички прашања, симболи итн, со таква страст тоа го правиме, што не ни останува време за соочување со вистинските дилеми. Ако денеска зборуваме за драматични промени, треба да се адаптираме на драматичните промени. Се плашам да не влеземе во нови страсни конфликти“, рече Сиљановска.
Според неа, химната ја одразува историјата на Македонија и нема што да се менува.
“Ако ме прашувате за химната, апсолутно мислам дека нема потреба од промена на химната. Таа не одразува сегашност, секогаш изразува историска меморија, генеза и немаме ние право да менуваме. Не сум чула да менуваат луѓе, дури и во рамките на Европската Унија, во обидот да се донесе Уставот во 2005 година во ЕУ, беше предвидена химна, ама не дојде до тоа. Сите народи низ историјата креирале песни или химни кои се најважниот државен симбол и затоа не знам колку знаете – текстовите во химните, најголемиот број се во Уставот. Описот на знамето е во Уставот. Грбот е опишан во Уставот. Значи во законот врз законите“, рече Сиљановска-Давкова