Утрински Весник
Македонија

Мемет почина како невидлив за системот, правници алармираат итно да се олесни вадењето лична карта за ранливите групи

Мемет почина како невидлив за системот, правници алармираат итно да се олесни вадењето лична карта за ранливите групи

Младиот Мемет Камбер, продавач на „Лице в лице“, кој почина на 19 години без лична карта, а неговата прва посета во болница беше и последна, ја добива граѓанската поддршка, но, не и таа од системот. Тој не го познава, не го препознава, и не прави обид да ги решава покомплексните ситуации, пишува „Лице в лице“.

dobivaj vesti na viber

Од Здружението на млади правници, по години застапување, повторно апелираат што поскоро да се донесе Закон за измени и дополнување на закон за лична карта и Закон за пријавување на живеалиште со кои ќе им се овозможи на ранливите и социјално загрозените лица кои живеат во нелегализирани објекти да добијат пристап до лична документација.

Александра Ефремова од ова здружение за „Лице в лице“, вели дека е несфатливо, во 21 век, млади луѓе да починат како „невидливи“ и покрај нивната заложба да се интегрирани во општеството. Смета дека предизвиците кај оваа група се комплексни, но, дека системските решенија треба да бидат флексибилни и адаптирани.

„Само промена на овие закони може да донесе системски решенија за овие наши сограѓани. Потребно е да имаат право, да им се овозможи како адреса на живеење да се впише адреса од центар за социјална работа, или адреса на општината каде живеат. Тоа го има и во други држави. Или, пак, да се олесни пакетот документација потребен за личен документ“, нагласува Ефремова.

Законот за измени и дополнување на закон за лична карта и Закон за пријавување на живеалиште, се подготвуваа уште пред почетокот на пандемиската криза. Но, зошто сѐ уште не се донесени, одговор во моментов нема. Она што го посочуваат правните експерти е дека е крајно време правото на здравствена заштита да не се врзува за тоа дали лицето има лични документи или не, додава весникот по случајот со Мемет.

 

Можете да прочитате

Силјановска Давкова: Генералка викенд да прерасне во Генералка 365 дена, штитејќи ја природата се штитиме себеси

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

ЛДП: Владата ја прифаќа иницијативата на ЛДП за референдумско отповикување