Новата италијанска премиерка Џорџа Мелони изјави дека е подготвена тесно да соработува со НАТО.
„Подготвена за работа со НАТО, тоа е повеќе од воен сојуз: бедем на заеднички вредности за кои никогаш нема да престанеме да се залагаме“, напиша Мелони на „Твитер“ како одговор на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој и’ честиташе на изборот за премиерка.
Покрај соработката со Алијансата, таа во својот одговор до американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „САД и сите нејзини партнери во НАТО можат да сметаат на Италија дека најдобро ќе го поддржи храбриот народ на Украина и ќе го спроведе нивното стратешко партнерство“.
Мелони вчера положи заклетва како нова премиерка на Италија пред италијанскиот претседател во претседателската палата, со што стана првата жена премиер на таа земја.