Утрински Весник
Свет

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

Meloni.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанската премиерка Џорџа Мелони пред пратениците во Долниот дом на Парламентот оцени дека Европската Унија се соочува со сериозни предизвици, а најголемата закана не доаѓа однадвор, туку од внатрешната неспособност навреме да се носат одлуки.

– Убедени сме дека сложеноста на овој момент бара прагматичен пристап способен да оди подалеку од идеолошкиот догматизам. Верувам дека ова е најдобриот начин да се одговори на новата безбедносна стратегија на Америка. Бесмислено е и штетно да се извршуваат напади против имагинарен непријател, вистинскиот непријател е нашата неспособност да изнаоѓаме решенија, истакна Мелони пред претстојниот Самит на ЕУ.

Таа посочи дека пронаоѓањето правно издржливо решение за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина ќе биде сложен процес, нагласувајќи дека секој чекор мора да има цврста правна основа. Мелони ја повтори поддршката на Италија за Украина и ставот дека Русија треба да ги сноси трошоците за војната, но оцени дека Москва поставува „неразумни“ услови во рамки на мировните напори поддржани од САД. Премиерката се осврна и на предлог-буџетот на Европската комисија за периодот 2028–2034 година, оценувајќи дека во сегашната форма е неприфатлив за Италија.

– Предлогот на ЕК вклучува зголемени придонеси и намалени средства за традиционалните политики кои се клучни за нас, како што се заедничката земјоделска политика и кохезиската политика. Отворено ќе кажам: нема да прифатиме да плаќаме повеќе за да добиеме помалку, посочи Мелони.

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа

Орбан ја предупреди Белгија да не ги користи замрзнатите руски средства за Украина