Утрински Весник
Свет

Меланија Трамп покрај сопругот, во елегантна комбинација креирана лично од Диор

Melanija Tramp Donald3.jpg

Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп пред приврзаниците прогласи победа на изборите. Трамп е придружуван од сопругата Меланија и синот Барон. Меланија Трамп се појави со широка насмевка, а може да се заклучи дека и таа е задоволна од изборните резултати. Првата дама на САД, како и вообичаено, го привлече вниманието и со елегантно издание.

Меланија за оваа пригода облекла сив костим на Диор, кој се состои од здолниште до колена, додека горниот дел го сочинува познатиот модел на сако, крој дизајниран од самиот Диор, а цената на оваа модна комбинација е 3.800 евра.

Меланија избра модна комбинација од својот омилен бренд на кој му е верна со години, а на самото гласање носеше фустан од Диор. Истиот стил го задржа и кога беше прва дама на Америка.

Сакам да и се заблагодарам на мојата прекрасна сопруга Меланија, првата дама, која го објави актуелниот бестселер кај нас. Таа заврши одлична работа и прави многу за да им помогне на луѓето. Сакам да му се заблагодарам на целото мое семејство, на моите прекрасни деца. Сите мислат дека нивните деца се одлични, но навистина сакам да им се заблагодарам уште еднаш, рече Трамп во својот говор.

Можете да прочитате

Хорор во зоолошка градина во Романија: Тигар го уби чуварот

Четириесет тела со траги на мачење пронајдени во болница во Дамаск

Годинава во светот загинаа 104 новинари, Газа најопасна зона